Трудница загина во тешка сообраќајна несреќа која се случила на патот Пониква – Кочани.
Дваесет и тригодишната Емилија К. настрадала во страотната сообраќајка која се случила синоќа во 18:40 часот кај местото викано Етемија.
Со автомобилот управувал нејзиниот дваесет и шестгодишен сопруг, кој во еден момент изгубил контрола над воланот и автомобилот излетал од патот.
Емилија починала на лице место. За жал, докторите не успеале да го спасат нивното бебе.