На 12.10.2020 во 23:00 часот во СВР Скопје, од Гинекологија „Мајка Тереза“ – Чаир било пријавено дека во 21:30 часот кај нив во бессознание била донесена А.Р.(24) од с.Студеничани, скопско, информираат од МВР.
Според пријавеното, бил направен обид за реанимација, но во 23.00 часот била констатирана смрт кај А.Р. Младата скопјанка била почината пред да биде донесена во болницата.
По консултација со Јавен Обвинител, телото било предадено во Институтот за судска медицина на обдукција.