Кина игра „агресивни игри“ со демократиите и канадските институции, обвини канадскиот премиер Џастин Трудо по објавувањето на информации за наводно кинеско мешање во изборите во Канада.
Изјавата на Трудо следеше откако канадската телевизија Global News извести дека наводно Кина финансирала „тајна мрежа“ од кандидати на неодамнешните избори, како и неколку дена откако канадските власти започнале да истражуваат кинески канцеларии во областа на Торонто за кои велат дека се нелегални кинески полициски станици на канадска територија.
„Преземавме значителни мерки за јакнење на интегритетот на нашите изборни процеси и нашите системи и ќе продолжуваме да вложуваме против мешањето во изборите, против странското мешање во нашата демократија и институции“, рече Трудо за новинарите,
Канадскиот премиер додаде дека „за жал, гледаме дека земји, државни актери од целиот свет, без разлика дали станува збор за Кина или други, продолжуваат да играат агресивни игри со нашите институции, со нашите демократии“.
Телевизијата Global News, повикувајќи се на анонимни извори, извести дека наводно разузнавачки функционери ја известила владата на Трудо дека Кина настојува да влијае врз демократскиот процес во Канада.
Се наведува дека Пекинг насочувал средства преки пратеник од Онтарио и преку други кон најмалку 11 сојузни кандидати на изборите и кинески оперативци кои работеле како нивни соработници во кампањата, Global News, исто така, наведува дека Пекинг настојувал да инсталира свои агенти во канцелариите на парламентарните пратеници за да влијаат врз политиките на официјална Отава.
Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Жао Лиџијан на редовниот брифинг во вторникот за новинарите изјави дека Кина „нема интерес“ за внатрешните прашања на Кина.
„Меѓудржавните односи може да се градат само со заемно почитување, рамноправност и двострана полза. Односите меѓу Кина и Канада не се исклучок. Канада би требало да престане да изнесува забелешки кои им штетат на кинеско-канадските односи“, истакна портпаролот Ли.
Кралската канадска коњичка полиција објави во октомври дека ги истражува извештаите за „криминални активности во врска со ткн полициски станици“. Такви истраги се водат и во Холандија и во Германија.
Шпанската невладина организација за човекови права Safeguard Defendersпред од пред неколку седмици тврдеше дека кинеската полиција воспоставила ткн полициски станици на странски територии и за вршење наводен притисок врз кинески државјани да се вратат во Кина и да се соочат со кривични обвиненија. Кина ги негира таквите обвинувања, и тврди дека станува збор за канцеларии во кои се нудат услуги како обновување возачки дозволи и други лични документи за кинеските државјани во странство.