Трудо најави нови санкции против 10 лица од Русија

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска најави нови санкции против 10 лица за кои рече дека биле соучесници во неоправданата инвазија на Украина.

„Ова вклучува поранешни и сегашни високи владини функционери, олигарси и поддржувачи на руското раководство“, рече тој на заедничката прес-конференција со британскиот колега Борис Џонсон и со Марк Руте од Холандија.