Трудо: Западните сили треба да заземат обединет фронт против Кина

Западните земји треба да заземат обединет фронт против Кина и да ја спречат да ги користи комерцијалните интерси за да ги свртува едни против други, изјави канадскиот премиер Џастин Трудо во интервју кое беше емитувано во саботата.

Трудо рече дека Кина ги „изигрува“ западните земји и ги врти една против друга додека тие се наптреваруваат за пристап кон еконосмиите можности во оваа азиска земја.

„Се натпреварувавме, а Кана одврме-навреме паметно нѐ изигруваше и вртеше едни против други на отворениот пазарен конкурентен начин. Мораме пдообро да работиме заедно и да бидеме силни за Кина да не може да нѐ подели меѓусебе“, рече Трудо во интервјуто емтувано на телевизијата Global.

Односите меѓу Канада и Кина се заладени од времето на затворањето по барање и налог на САД на Мен Ванжу, главната финансискаи директорка на кинескиот технолошки конгломерат „Huawei“ во 2018 година. Кина набрзо потоа Кина уапси двајца Канаѓани и ги отфрли обвинувањата до Отава за заложничка дипломатија.

Менг во септември постигна договор со американските обвинители со што беше затворен случајот против неа, а двајцата Канаѓани беа ослободени неколку часа по постигнувањето на договорот.

Пекинг и пред затворањето на Менг остро реагираа на канадските забелешки, кои редовно ги следат американските, со обвинувања за состојбата на човековите права во Кина, и двете земји не успеаја да ги подобрат билатералните односи.

Така Канада претходно во декември објави дека ќе им се придружи на западните сојузници во дупломатскиот бојкот на Зимските олимписки игри во Пекинг во февруари 2022 година, „за да ѝ испратат порака на Кина за состојбата на човековите права“ во земјата.