„Денес до нас пристигна информација за труење од храна во студентскиот дом Пелагонија во Скопје. Навистина сме згрозени од фактот што во моментот многу студенти се жалат и се завршени на инфективните клиники, велат од „Студентски отпор“.
-Прашуваме јавно, ваков ли студентски стандард и студентски оброци ветуваа луѓето од власта или студентите ги гледаат само како пропаганден материјал за користење, како тоа што беше фамозниот „ручек со студентите“ на премиерот?
-„Студентски отпор“ будно ја следи ситуацијата во студентскиот дом Пелагонијa, строго го осудува игнорантниот однос на власта кон студентите и ваквите нехумани услови во кои студентите престојуваат!, додаваат од таму.