Труење со хлор во хотел на брегот на Охридското Езеро, седум лица завршија во болница

Седум лица, меѓу кои две малолетни, завршија во болница поради знаци на труење со хлор.

Од СВР Охрид информираат дека во петокот вечерта во 19,55 часот е пријавено дека во хотел на брегот на Охридското Езеро, неколку лица што го користеле затворениот хотелски базен манифестирале знаци на труење со хлор.

-Во Општата болница во Охрид биле пренесени М.Р.(24), А.Б.(19), двајцата од Охрид, Ј.А.(45) и А.П.(37) од Скопје, додека во Општата болница во Струга биле пренесени Ѓ.А.(42) и две малолетни лица, сите од Скопје, информираат од полицијата.

За случајот се известени јавен обвинител, претставници на санитарна и здравствена инспекција, Центар за јавно здравје и трудова инспекција, а увид извршија полициски службеници од СВР Охрид.

Се работи на расчистување на случајот.