Безживотното тело на починато машко лице било пронајдено во саботата во нива во близина на бензинската пумпа „С – Петрол“ во Гостивар.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гостивар и бил утврден идентитетот на лицето. Починатиот е идентификуван како 21-годишниот И.А. од гостиварското село Вруток, информираат од МВР.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено за обдукција.