Труп на млад маж најден кај монтажен тоалет во Куманово

Во монтажните тоалети во близина на поранешен хотел „Кристал” во средата е пронајдено тело на починато на 29-годишно лице, а смртта според полицискиот извештај настапила како последица од предозирање со дроги

По овластување на Основен суд Куманово увид извршила екипа на СВР Куманово.

„Според наодот од лекар мртвопроверител, причината за смртта била предозирање со опојни дроги“, се наведува во соопштението на СВР Куманово.