
Во петокот на Граничниот премин Табановце од страна на полициски службеници од Полициска станица Табановце е извршен преглед на патничко возило „порше кајен“ со романски национални ознаки, управувано од 60-годишниот турски државјанин Ј.О..
При прегледот во возилото се пронајдени и одземени непријавени парични средства во износ од 31.000 евра.
Паричните средства се предадени на Царинска управа, а лицето е предадено и задржан за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.