Интернет страницата на ТТК банка синоќа беше на мета на грчки хакери од групата „Моќна грчка армија“, но обидот за упад поминал без последици по компанијата.
-Благодарение на ефикасната заштита на системот и брзата реакција, интернет страницата по краток прекин, брзо беше вратена во функција и беше повторно достапна. Нема последици од нападот. Случајот е пријавен во МВР, соопшти утрово ТТК банка.
Хакерите од „Моќна грчка армија” вчера објави дека извршиле упади во неколку македонски банки: ТТК Банка, Централната кооперативна банка, УНИ банка, Прокредит банка, Стопанска банка АД Битола, Шпаркасе, Комерцијална и други.
Претходно, истите хакери се пофалија дек ги хакирале сајтовите на Народната банка, Министерството за образование и наука (МОН), Министерството за надворешни работи и Министерството за одбрана, што беше демантирани од овие институции.
Грчките хакери се заканија и дека „ќе ја збришат Македонија од интернет просторот“.