По вооружената престрелка ноќта кон неделата во хотелот „Александар Палас“, Министерството за внатрешни работи потврди дека е извршен претрес во куќа на лице од Скопје.
Се врши вештачење на возилото „туарег“, кое е пронајдено изгорено во близина на скопско Арачиново. Во теренецот биле најдени и две автоматски пушки „калашников“ за кои постои сомневање дека биле користени во инцидентот во хотелскиот ресторан
Возилото „туарег“ коешто беше бил украдено во Скопје во март, а последен пат бил управувано од Арачиново во саботата навечер, за на крај да заврши во Арачиново, но овојпат запалено, дознава весникот Koha. Табличките, исто така, биле украдени од друг автомобил, а како што објаснуваат извори на весникот, акцијата во саботата вечерта секако била планирана порано, бидејќи и двете групи, и оние што ловеле и оние што престојувале во ресторанот на хотелот, се познати на полицијата.
Инаку, весникот Koha известува дека речиси сите инволвирани, од двете групи, се Албанци, претежно од околината на Скопје.