Познатиот скопски адвокат и поранешен судија, Владимир Туфегџиќ се вклучи во дебатата за реформи на судско-обвинителскиот систем што ја отвори премиерот Христијан Мицкоски.
Туфегџиќ упати јавно повик до Државниот јавен обвинител да преземе итни мерки по последниот скандал со врховниот судија Наќе Георгиев.
Во својата објава на социјалните мрежи, Туфегџиќ истакнува дека јавниот обвинител треба уште денеска да свика итен колегиум и да даде зелено светло за издавање на наредби за заплена на мобилните телефони на неколку судии од апелационите подрачја.
„Убеден сум дека во тие телефони ќе се најдат сите договорени и реализирани проекти на проектантите на распуканото судство”, пишува Туфегџиќ, истакнувајќи дека ова е “животна шанса” за обвинителот да ги среди работите во правосудството.
Објавата на Туфегџиќ предизвика бурни реакции во јавноста, а многумина се прашуваат дали ќе следат конкретни дејствија од страна на обвинителството.