
Тренерот на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел по победата (3:0) над Реал Мадрид вчеравечер во 1. коло од Лигата на шампионите, одби да зборува за шансите да се освои трофејот.
– Прво да ви кажам на сите, ако некој ме праша дали можеме да ја освоиме Лигата на шампионите, јас само ќе станам и ќе ја напуштам прес-конференцијата. Оваа победа е заслуга на целиот тим што работеше заедно со топката и без неа. Го гледам тимот секој ден, и тој е подготвен да работи напорно. Денес имавме шанса да го демонстрираме ова. Сепак, тоа да се прави на секои три дена е тешко, изјави Тухел.
Успехот на ПСЖ е уште поголем ако се знае дека против Реал настапи без Нејмар, Мбапе и Кавани.
– Се разбира, да се игра без нив е тешко. Ни требаат сите наши фудбалери. Но останатите покажаа карактер, дополни Тухел.