Пари Сен Жермен никогаш нема поминато понатаму во нокаут фазата од Лигата на шампионите кога доживеал пораз на првиот дуел од двомечот. Доколку оваа традиција продолжи и оваа сезона во осминафиналната пресметка со Борусија Дортмунд, тогаш тренерот Томас Тухел ќе добие отказ, тврдат француските медиуми.
Тухел полека го губи и авторитетот во соблекувалната, поголем дел од фудбалерите се незадоволни како го менаџира тимот, а фудбалската јавност во Франција го критикува и за менување на стратегијата непосредно пред мечот со Борусија Дортмунд. ПСЖ на мечот со „милионерите“ играше во формација 3-5-2 иако претходно екипата долго настапуваше во системот 4-4-2.
Како можни наследници на Томас Тухел на клупата се споменуваат Маурисио Покетино, поранешниот менаџер на Тотенхем, и Масимилијано Алегри, екс тренерот на Јувентус.