
Американскиот претседател Доналд Трамп издаде во петокот, во пресрет на продолжувањето на некоговите собири во претседателската кампања, остро предупредување до демонстрантите во Тусла, додека локалните функционери воведоа делумни полициски часови во областа околу арената.
„Сите демонстранти, анархисти, агитатори, ограбувачи или пропалитети коишто сте се упатиле кон Оклахома, ве молам да сфатите дека нема да бидете третирани како во Њујорк, Сиетл или Минеаполис. Ова ќе биде поинакво сценарио“, порача Трамп на Twitter ден пред саботниот собир.
Градоначалникот ЏејТи Бинам уште ноќта кон петокот најави воведување полициски час, наведувајќи ја како причина загриженоста поради можните немири.
„Поединци од организирани групи кои беа вклучени во деструктивното или насилно однесување во другите сојузни држави, планираат да допатуваат во Тусла за да предизвикаат безредија на собирот и околу него“, изјави Бинам.
Во САД со седмици траат протестите поради полициската бруталност и расизмот, кои се придружени со масовни грабежи и насилства. Се случија и повеќе масовни судири меѓу насилните демонстранти и полицијата, меѓу другите и пред Белата куќа.
Впечатливо е што иако проблемите за кои се протестира се децениски, ако не и вековни во САД, тие се насочуваат сѐ повеќе против републикнаскиот претседател Доналд Трамп без јасно образложение и иако токму тој ја потпиша извршната уредба за почеток на долгочекуваната реформа на американската полиција, особено насочена во искоренувањето на расизмот во нејзиниет редови и на прекумерната употреба на сила.
Трамп во моментов во повеќе анкети заостанува зад демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден, но таква ситуација беше и во 2016 година кога сепак републиканецот неочекувано ја победи поранешната државна секретарка Хилар Клинтон.
Откако ја претстави својата претседателска кампања во 2015 година, собирите се најчестиот тип на комуникација на Трамп со избирачите и своите поддржувачи.