Сопственик на јапонски синџир ресторани за суши во саботата постави рекорд, плаќајќи повеќе од три милиона американски долари за туна синоперка на првата аукција оваа година на новиот токиски пазар, надминувајќи го сопствениот рекорд од 2013 година.
Кијоши Кимура, сопственик на синџирот „SushiZanmai“ платил 333,6 милиони јени, или 3,1 милиона долари, за рибата којашто тежи 278 килограми, уловена во близина на брегот на јапонската префектруа Аомори на северот од земјата. Тоа е двојно повеќе од цената којашто Кимура ја плати пред шест години.
„Туната изгледа толку вкусно и свежо, но мислам дека сепак платив премногу. Очекував дека ќе биде меѓу 30 и 50 милиони јени или најмногу 60 милиони јени, но излезе пет пати повеќе“, изјавил подоцна за новинарите пред рибниот пазар во Токио.
Аукцијата во саботата беше првото наддавање во новата 2019 година на пазарот Тојосу, откако познатиот пазар Тсукиџи беше затворен минатата година за да се обезбедни привремен паркинг простор за летните Олимписки игри кои во 2020 година ќе се одржат во Токио.