Панама загуби од Тунис 2:1 во натпреварот за престиж во групата „Г“, и остана без осовен бод. Сепак, со голот против Африканците, Панама комплетираа еден куриозитет во историјата на мундијалите. Со водечкиот гол, поточно автогол на Тунис, сите репрезентации на СП во Русија постигнаа најмалку по два гола на турнирот.
Самиот факт дека на Панама и недостига еден гол за да се оствари овој рекор беше доволно за обложувачниците во Англија да го прифатат преизвикот и да го стават во понудата. Според информациите од Островот, добивката достигнувала до над 600.000 фунти.
Како и да е, двете репрезентации чесно се простија од мундијалот.
Фудбалерите на Панама поведоа со 1:0 во 33. минута и тоа со автогол на Мерија, но Тунис изедначи со голот на Бен Јусуф во 51 минута. Конечниот резултат и комплетен пресврт се случи во 66 минута кога Тунижаните поведоа со 2:1 со голот на Казири.