
Координаторот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата Томислав Тунтев си поднесе оставка, a таа ќе биде констатирана на утрешната седница на Собранието, пренесе ТВ 24.
Тунтев се сели во Агенцијата за цивилно воздухопловство, а на негово место во собраниската фотелја треба да седне Рубин Земон.
Новиот координатор на СДСМ сè уште не се знае, иако неофицијално се споменува пратеникот Хари Локвенец, но и актуелниот заменик на Тунтев, Јован Митровски.
Освен Митровски, втор заменик координатор на владејачката коалиција е пратеничката Соња Мираковска од НСДП.