Турчин со „пежо“ пренесувал осум мигранти од Сирија

Полицијата утрово на автопатот Демир Капија-Скопје приведе турски државјанин кој во своето возило „пежо“ пренесувал осум мигранти од Сирија, од кои шестмина биле малолетни.

Од МВР велат дека лицето кое управувало со возилото било задржано во полиција и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а мигрантите биле пренесни во прифатниот центар во Гевгелија.