
Вршителот на должност на украинскиот претседател, Олександар Турчинов, изјавил дека проруските демонстранти кои во источниот дел на Украина зазеле повеќе згради на локалната администрација ги сметаат за „терористи“ и дека против нив ќе ги употребат сите закони.
„Властите сите сепаратисти и терористи, кои се вооружени со автоматско оружје и кои што ја зазеле локалната управата, ќе ги третира како терористи и криминалци“, рекол Турчинов.
Проруски демонстранти ја зазеле зградата на администрацијата на Доњецк, Луганската и Харковата област, каде што пристигнале специјални единици на полицијата од други региони на Украина.