![turcija s-400 02](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/07/turcija-s-400-02.jpg?resize=696%2C458&ssl=1)
Турските власти ги отфрлиле сугестиите да ѝ ги отстапат на Украина напредните противвоздушни системи „С-400“, поради чија набавка од Русија Анкара влезе во конфликт со западните сојузници во НАТО, според турксиот претседател Реџеп Тајип Ердоган коментирајќи ги медиумските извештаи за таквата понуда од САД.
„Денес сме на истата точка, како што кажавме претходно. Таа тема за нас е затворена. Таа е наша сопственост во сферата на одбраната“, ја цитираат турските медиуми Ердоган изјавата дадена во авионот на летот по враќањето од самитот на НАТО во Брисел.
Потсетил дека неговиот портпарол Фахретин Алтун претходно веќе дал „исцрпен одговор“ за таквите информации кои минатата седмица се појавија во американските медиуми, првично во The Wall Street Journal.
„Тој одговор им е доволен. Нема потреба од нешто повеќе за тоа. Затоа што целата нивна работа се состои за да прават хаос. Тие се во таква тензија: се прашуваат каков удар можат да ѝ нанесат на Турција и да ѝ зададат непријатности“, оценил турскиот претседател.
Претходно и агенцијата Reuters, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека американската администрација ѝ понудила на Турција да ѝ ги даде системите „С-400“ на украинската армија а за возврат ќе биде отповикана суспензијата за испорака на авионите „F-35“ на Анкара воведено токму поради набавката на руското оружје.
Според агенцијата, Вашингтон бара од земјите кои поседуваат советски и руски противвоздушни системи да ѝ ги предадат на Украина. А The Wall Street Journal дури објави дека САД тајни му ги доставуваат на Киев тие системи.