Турција ја повика Шведска да деjствува против тероризмот за поддршка на нејзиното членство во НАТО

Турција ќе дејствува на ратификувањето на шведската кандидатура за членство во НАТО со истовремена соработка со Стокхолм во борбата против тероризмот, изјави во петокот турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Одложувајќи ја ратификацијата на шведската кандидатура повеќе од една година, Ердоган неочекувано се согласи на самитот на НАТО во Литванија пред десетина дена, да го проследи ратификувањето во турскиот парламент во октомври, кога завршува летната пауза.

„Работниот распоред на турскиот парламент ќе го одреди процесот (на ратификацијата) на шведскот членко во НАТО… На Шведска би ѝ одело во прилог да преземе конкретни чекори по прашањето за борбата против терористичките организации и екстрадициите на терористите“, изјави Ердоган за новинарите на летот со кој се враќаше од посетата на земјите во Персискиот залив и севверен Кипар.

Анкара му префрла на Стокхолм дека премалку сработел од она што двете страни го договорија минатата година во санкционирањето и предавањето на лицата коишто ги бараат турските судови поради тероризам.

Станува збор главно за лица на кои Шведска им пружила политички азил а се припадници или приврзаници на Работничката партија на Курдистан (PKK) која од 1980-те години води сепаратистичка војна против турската држава а е ставена на листата териристички организации на Турција, ЕУ и САД. Покрај тоа, се работи и за лица поврзани со движењето FETO исламистичкиот проповедник Фетула Ѓулен, кој живее во доброволен егзил во САД кои одбиваат да ѝ го предадат на Турција. Ѓулен, поранешен политички сојузник на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган пред повеќе години е обвинет за создавање „држава во држава“ односно паралелни институции во турското општество и оти со неговите приврзаници стои зад неуспешниот обид за воен преврат во јули 2016 година по што Анкара движењето го прогласи за терористичка организација.

„Очекуваме исполнување на ветувањата“, рекол Ердоган, според соопшетнието од неговиот кабинет.

Ердоган алудираше на договор кој Турција, Шведска и Финска, која во мешувреме стана членкa на НАТО, го постигнаа ланскиот јуни пред самитот на НАТО во Мадрид со цел да бидат нотирани безбедносните прашања на Анкара.

Турција во четвртокот го осуди најновиот инцидент со сквернавење на светата книга на муслиманите Куранот пред ирачката амбасада во Стокхолм, трет таков инцидент од почетокот на годинава. Меѓутоа, Ердоган во разговорот со новинарите не го споменал овој инцидент, како и одлуката од пред една седмица на шведскиот Врховен суд кој ја блокираше екстрадиицијата на двајца турски државјани на Анкара која ги бара како припадници на FETO.