Турција би можела да влезе во Израел и да им помогне на Палестинците, порача Ердоган

Турција може да влезе во Израел за да им помогне на Палестинците како што правеше некогаш во Либија и Нагорно Карабах, изјави во неделата претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

„Мораме да бидеме многу силни за Израел (во) Палестина да не може да го шрави она што моментално го прави (…)“, рече турскиот претседател на митингот на владејачката партија Партија на правeдноста и развојот (AKP) во црноморскиот град Ризе, пофалувајќи ги резултатите. на турската индустрија за оружје.

„Токму како што влеговме во Карабах и Либија, би можеле да им направиме нешто слично и ним“, рече Ердоган во говорот што го пренесуваа телевизиските станици.

Турскиот претседател не прецизираше каква интервенција има предивд, а претставниците на неговата партија не одговорија на прашања за поединости од неговата изјава.

Израел веднаш не ја коментираше изјавата на Ердоган.

Во 2020 година, Анкара испрати војници и воена опрема во Либија за да ја поддржи либиската влада на национално единство и нејзиниот лидер Абдулхамид ал-Дбеиба.

Минатата година Турција негираше директна вмешаност во азербејџанската воена операција во Нагорно-Карабах, но нагласи дека го поддржува блискиот сојузник „со сите средства“, вклучувајќи обука и модернизација на армијата, потсетува Reuters.