Турското министерство за здравство извести во понеделникот дека во последните 24 часа се регистрирани околу 43.000 нови случаи на зараза со короанвирусот, што е четврти ден со ред број на новозаразените над 40.000 во Турција.
Покрај високиот број новозаразени, во последното деноноќие регистрирани се и 193 смртни исходи како последица на Covid-19, соопшти турското министерство за здравство.
Во мегалополисот Истабул седумдневната инциденца е многу висок,а последна соопштена претходната седмица беше 590 заразени на 100.000 жители.
Турција на почетокот од март делумно ги укина рестриктивните мерки. Од тогаш бројот новозаразени е во остар раст.
Во некои региони повторно беа воведени строгите мерки, како што е полицискиот час во текот на викендот. Но рестораните и локалите нема да бида затворени до почетокот на светиот муслимански месец на постот Рамазан, кој почнува на средината од април.