Турција: Deutsche Welle, Voice of America и Euronews мора да добијат лиценца за работа

Трите странски меѓународни медиумски куќи имаат 72 часа рок да побараат и да добијат дозвола за работа или Врховниот совет за радио и телевизија (RTUK) ќе го блокира пристапот до нивните платформи, откри во средата за Reuters член на споменатато тело.

Илхан Ташџи, еден од деветмината членови на одборот на RTUK, кој гласал против, го критикува потезот на ова тело да побара лиценци за работа од веб-страницте на германската Deutsche Welle, американската Voice of America и Euronews на турски јазик, оценувајќи го тоа како „нов напад врз слободата на медиумите“ во Турција.

„Со мнозинство гласови е донесена одлуга на веб-страниците amerikaninsesi.com, dw.com/tr и tr.euronews.com да им се дадат 72 часа да добијат лиценци“, објави на Twitter Ташџи.

Управниот одбор на RTUK веднаш не бил достапен за коментар на барање на Reuters, кој наведува дека во телото доминира владејачката Партија на правото и развојот (AKP) на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Портпаролот на Deutsche Welle рекол дека не може сѐ уште да го коментира случајот, бидејќи сѐ уште не го добиле официјалното известување од RTUK.

Турските власти на RTUK му го додели надзорот над сите онлајн содржини и има право да ги острани. Во прилогот на агенцијата се додава и дека 90 отсто пд „мејнстрим“ медиумите во Турција денес се во сопственост на државата или лица блиски до власта.

Ташџи, кој е и опозициски пратеник во турскиот парламент, тврди дека медиумските слободи се вистинската цел на RTUK.

„По националните медиуми, дојде редот за надзор и замолчувања на меѓународните информативни портали“, тврди Ташџи.

Западните сојузници и групи за човекови права долго ја обвинуваат власта на претседателот Ердоган дека наводно неуспешниот обид за државен преврат од 2016 година го користи како изговор за замолчување на неистомислениците. Тие наведуваат и дека во речиси двете децении на власт, Ердоган често критикувал медиумски содржини кои не се во согласност со конзервативните муслимански вредности коишто ги промовира неговата партија.

Официјална Анкара го негира тоа и тврди дека мерките за регулација на медиумскиот простор се потребни бидејќи Турција последните години се соочува со безбедностни закани, а потсетува и на идентичните прописи за медиумите на Западот.