Турција е еднa од сеизмички најактивните области на светот, тресењето почувствувано и на Гренланд

Треперењето на почвата од силниот земјотрес кој го погоди југот на Турција и Сирија, било почувствуван сѐ до Гренланд, објави во понеделникот данскиот геолошки институт.

„Силните потреси во Турција јасно се забележано на сеизмографите во Данска и на Гренланд“, објави сеизмологот Тина Ларсен.

Земјотресот со магнитуда од 7,8 го погоди југот на Турција ноќа кон понеделникот во покраината Кахраманмараш, а жртви има и во соседната Сирија. Вториот со магнитуда ја погоди истата покраина неколку часа, а исто толку моќен и рано попладнето во понеделникот.

Меѓу двата силни, забележани се десетици послаби земјотреси со магнитуди од над 5 со големи број на потреси со магнитуди над 4. Турските сеизмолози проценуваат дека следниот месец ќе има

Турција се простира на неколку раседи, меѓу евроазиската и африканската тектонска плоча, и поради тоа е меѓу сеизмички најактивните области на светот.

Само минатата година турските сеизмолози забележале повеќе од 22.000 послаби потреси. Потресот кој се случи ноќта кон понеделник со магнитудата од 7,8 по Рихтер, е со иста моќ како и оној од 1939 година кога смртно настрадале 33.000 луѓе/

Тој катастрофален земјотрес ја погодил Турција ноќта од 26-ти кон 27-ми декември 1939 година. Со магнитудата од 7,8 тој е вториот најсилен потрес забележан во Турција. Според податоците кои се наоѓаат на отворените извори на интернет, само потресот во северна Анадолија во 1668 година бил посилен.

Истовремено, земјотресот од крајот на 1939 година, со епицентар близу градот Ерзинчан, неколку стотици километри северно од денешниот епицентар во јужниот кон југоисточниот дел на Турција, беше најсмртоносната природна катастрофа во модерната турска историја. Загинале близу 33.000 луѓе, а уште околу 100.000 биле повредени.

Катастрофалниот земјотрес кој се случи во 1999 година спаѓа во низата сили потреси по должината на северонанадолскиот тектонски расед меѓу евроазиската и анадолската тектонска плоча, кој веќе бил покренат 60 години порано.

Тој се случи на 17-ти август 1999 година, со магнитуда 7,6 и со епицентар кај градот Измит на западот на Турција, стотина километри источно од Истанбул. Во тој потрес загинаа повеќе од 17.000 луѓе, а според некои податоци и повеќе од 18.000. Почвата се тресеше 37 секунди, а епицентарот беше плитко, на длабочина од 15 километри.

Тој земјотрес предизвика и опасен пожар во блиската рафинерија за нафта и покрена цунами во дел од Мраморното Море, кој однесе уште други 155 животи.

Сите земјотреси коишто следеа во изминатите повеќе од 20 години беа значително помалку разорни. Потресот кој се случи на 1-ви мај 2003 година, со магнитуда од 6,4 ја погоди источна Турција, усмртувајќи повеќе од 170 луѓе,

Во октомври 2011 година посилен потрес со магнитуда 7,2 однесе 600 животи на истокот на земјата.

Во 2020 година прво во јануари, во земјотрес со магнитуда од 6,7 загинаа околу 40 луѓе. Епицентарот и хипоцентарот беа регистрирани на истокот од земјата, а подземните удари беа почувствувани во Сирија, Ерменија и Грузија.

Потоа во октомври истата година во земјотресот со магнитуда 7,0 о близина на егејскиот град Измир смртно настрадаа 117 луѓе, но повеќе жртви имаше во соседна Грција отколку во Турција.,

Денешниот земјотрес, во кој според процените бројот на жртвите ќе надмина над 2.000, е најголема катастрофа од овој вид која ја погоди Турција во XXI век.