Русија и Турција наскоро ќе потпишат нов договор за испорака на руски противракетни системи С-400.
-Консултациите продолжуваат и се во завршна фаза. Наскоро ќе го официјализираме договорот со нашите партнери – изјави генералниот директор на рускиот државен извозник на оружје „Рособоронекспорт“, Александар Микејев, за време на Меѓународниот воено-технички форум.
Во 2017 година, Москва и Анкара потпишаа договор за испорака на рускиот противракетен систем на Турција, со што Турција стана првата членка на НАТО што го купи овој ракетен систем од Русија.
Одлуката на Анкара да купи систем од руско производство предизвика негодување кај САД и НАТО, а официјален Вашингтон досега не се откажа од напорите да ја принуди Турција да се откаже од рускиот противракетен систем.