Турција е на нозе по одлуката на претепаниот судија – Ердоган му се јавил на телефон во болница откако слушнал што сакал да напарви! (ВИДЕО)

Халил Умут Мелер бепе жртва на брутален напад од претседателот на Анкарагучу и беше претепан по натпреврот кој вчера се одигра во турската Суперлига, сцени по кои се крена на нозе цела јавност во оваа земја.

Мелер е најдобар турски судија и има највисок ранг според коефициентот на УЕФА, но тоа не му донесе никаква заштита и привилегија на теренот, каде буквално беше избоксиран, а потоа и претепан додека лежеше на земја.

Шокантните сцени од Анкара предизвикаа гнев во цела спортска јавност во светот, па затоа денеска со осуда за слученото се јавија и од УЕФА и ФИФА, од каде побараа одговорност за сите инволвирани.

Турската фудбалската Федерација го стопираше фудбалот на неодредено време поради срамниот скандал и најави жестоки казни за агресорите, а на прво место секако е водечкиот човек на Анкарагучу, Фарук Коча.

Според турските медиуми, Мелер им најавил на своите колеги дека размислува за пензија после нехуманиот напад на теренот, но во акцијата за премислување се вклучиле и луѓе од највисокот политички врв во Турција, кои денеска го посетиле Мелер во болница.

Министерот за внатрешни работи објави видео од болница за да му даде поддршка на судијата, па дури откри дека му се јавил и на претседателот Ердоган кој му посакал најдобри мисли на претепаниот Мелер.