Турција ги предупреди своите граѓани на многу можни дискриминаторски напади во Европа и во САД по низата исламофобни настани и откако Шведска, Норвешка и Данска за своите граѓани издадоа предупредување да ги избегнуваат поголеми собири во Турција.
Граѓаните коишто живеат во западноевропските земји и во Соединетите држави би требало да бидат претпазливи и да ги избегнуваат подрачјата каде што се одржуваат големи демонстрации, објави турското министерство за надворешни работи во саботата вечерта.
„Неодамнешните исламофобни и расистички акти насочени против Турција, коишто ги изведоа групи поврзани со терористичките организации, покажаа опасно ниво на верска нетолеранција и омраза во Европа“, стои во соопштението.
Минатата сабота во близина на турската амбасада со дозвола на шведските власти во Стокхолм се одржа собир на кој беше запален Куранот, предводен од лидерот на данската екстремно десничарска партијата Тврд курс, Расмус Палудан. Десет дена претходно, на 11-ти јануари во Стокхолм се одржа и протестен собир за поддршка на Работничката партија на Курдистан (PKK), која од 1980-те години води сепаратистичка војна со турската држава и е ставена на листата терористички организации на Турција, но и на САД и на Европската унија. Тогаш учесниците на протестот изведоа симболично бесење на кукла со ликот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Страници од светата книга на муслиманите подоцна беа искинати и во Холандија.
Предупредување на Анкара следи набрзо откако министерството за надворешни работи Шведска, Норвешка и Данска ги предупредија своите граѓани да ги избегнуваат поголеми собири во Турција, токму поради истите инциденти.
Тензиите меѓу Турција и некои европски држави, во прв ред во Шведска којашто бара членка да стане членка на НАТО за што ѝ е неопходна согласноста на Анкара, неодамна се зголемија поради споменатите инцидентите кои се јасно исламофобни и противтурски.
Данско-шведскиот граѓанин Палудан изјави дека палењето на Куранот пред џамијата во Стокхолм, ќе го повторува секоја седмицата сѐ додека Шведска стане членка на НАТО.
поменатите инциденти ширум западна Европа изминатите неколку седмици предизвикаа гнев во Турција. Претседателот Ердоган порача дека поради тоа Шведска повеќе не би требало да очекува од Анкара согласност за барањето за прием во НАТО.
Шведска и соседната Финска по децениите тесна и континуирана воена соработка со НАТО и покрај декларативната воена неутралност, во мај годинава под изговор за закана од Русија по почетокот на војната во Украина, побараа полноправно членство во Алијансата.
Нивната кандидатура поднесена во мај на вонредниот самите на НАТО во Мадрид, досега ја поддржаа 28 од 30-те членки на Северноатлантскиот сојуз, Унгарија тоа ќе го стори во февруари, а Анкара го условува приемот на Стокхолм и Хелсинки со израчување на припадниците на организациите на исламистичкиот проповедник Фетула Ѓулен кој живее во егзил во САД – FETO коај е обвинета за неуспешниот воен преврат во јули 2016 година и на Работничката партија за Курдистан (PKK) кои се означени како терористички организации и бара од двете земји да им го укине политичкиот азил даден на нивни членови против кои има отворено истраги или судски процеси.