Турција го спроведе првото тестирање на рускиот антиракетен систем „С-400“ во петокот, објавија локалните медиуми иако досега нема официјална потврда за тоа.
Ракети од системот „С-400“ биле истрелани од градот Синоп на Црното Море, пренесува порталот А Haber кое објави видео кое го снимиле локални жители. На снимките се гледа трага од проектил.
Неименуван турско воено-допломатли извор за руските агенции потврдил дека биле „истрелани три проектила кои ги погодиле трите цели“.
Како што пренесуваат турските медиуми, следните денови ќе бидат спроведени низа тестови со користење на британските дронови од типот „Banshee“. Со тестовите ќе се провери можноста за ангажирање, откривање и следењет на системите на „С-400“, како и неговите радарски и системите за комуникација, наведува A Haber.
Претходно седмицата во пргонозата за пловидбата беше најавено дека воени вежби ќе бидат одржани меѓу 16-ти и 17-ти октомври во областа на Синоп. Минатата седмица на социјалните мрежи беа објавени фотографии од камиони кои ги пренесуваат проектилите во Синоп.
Тестот на радарската конекција беше изведен минатата годиан на воениот аеродром кај Анкара кога амриканските борбени авиони „F-16“ глумеа непријателиски авиони.
Турција ги разгеневи сојузниците во НАТО, особено САД, откако по повеќе години и откако под нивен притисок се откажа до заедничкото вложување во ракетни одбранеби системи со Кина и откако беше одбиена од Западот, склучи договор со Русија за купување на четири батерии од напредниот систем „С-400“. САД сметаат дека овој руски систем би можел да го компромитира американскиот „невидлив“ ловец од последната генерација „F-35“.
Турција поради зделката со Русија е суспендирана од заедничкото производство на авионите „F-35“ во кои Анкара вложи стотици милини долари.
Системот, чијашто цел е главно одбранбен во некои своите варијанти може да стане борбен за помалку од пет минути. Овие ракетни системи може да соборат воздушни цели во радиус од 400 километри, а балистички проектили во радиус 60 километри. Може истовремено да соборат 80 цели гаѓајќи ја секоја со по два проектила. Во рускиот воен арсенал се воведени од 2007 година, наведува руското министерство за одбрана.
https://www.ahaber.com.tr/gundem/2020/10/16/s-400-hava-savunma-sistemi-fuzesi-sinopta-test-edildi-iste-o-goruntuler