Турција го мина пикот на епидемијата на коронавирусот со над 3.000 починати

Бројот на починатите како последица на зараза со коронаворисот во Турција се зголемил во последните 24 часа за 89 лица,, со што вкупниот број починати изнесува 3.081, што е најниска стапка на смртност од Covid-19 во Европа, објави во средата турското министерство за здравство.

Коронавирусот првпат беше потврден во Турција на 10-ти март кај локален жител кој се вратил од Европа. Оттогаш, бројот на заразените до средата 29-ти април достигна 117,589 лица, што е најголем број надвор од Западна Европа или САД. Во меѓувреме оздраеле 44.022 пациенти.

Министерот за здравство Фахретин Коџа изјави дека бројот на заразените во Турција го достигнал пикот, и дека започнал да опаѓа. Истакна дека во земјата е зголемен капацитетот на тестирањата, па така само во средата се изведен над 40.000 тестови на коронавирусот, а вкупно милион досега.

„Стапката на смртност од коронавирусот во Турција е најниската во Европа. Врвот на пандемијата е минат, но намалувањето на показателите допрва треба да биде константен. Доколку се почитуваат рестриктивните мерки, тогаш до крајот на мај нема да има повторно зголемување на бројот на заразените“, истакна министерот Коџа на прес-конференцијата во Анкара.

Министерот додаде дека релиси 7.500 медицински работници се заразени во текот на епидемијата во замјата, што е околу 6,5 отсто од вкупниот медицински кадар со кој располага Турција.

Турција ги затвори училиштата, ги забрани масовните културни и спортски настани, а и во текот на викендот населението ќе мора да остане затворено во своите домови. Така, жителите на 30-те најгосто населени покраинаи, меѓу кои се и главниот град Анкара и мегалополисот Истанбул, нама да имаат право да ги напуштаат домовите три дена, почнувајќи од петокот.

Коџа рече и дека наскоро би можело да бидат ублажени мерките во покраините кои се најмалку погодени со епидемијата.