Администрацијата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган соопшти денеска дека датумот на купување дополнителни ракетни системи С-400 од Русија е само техничка работа.
Русија се надева дека ќе склучи договор со Турција за купување нови системи С-400 во првата половина на следната година.
Тоа би можело дополнително да ги влоши односите меѓу Турција и САД. Вашингтон ја суспендираше Анкара од програмата за купувње борбени авиони Ф-35 за да се казни заради купување ракетни системи од Русија.