Турција наместо Сингапур во Формула 1

DCIM102GOPRO

Водството на натпреварувањето на Светското првенство во класата Формула 1 објави во петокот дека наместо откажаната трка за Големата награда на Сингапур на 3-ти октомври, ќе се вози трката за Големата награда на Турција на патеката Истанбул Парк.

Претходно во јуни организаторите на ноќната трка во Сингапур, мораа втора година со ред да го одложат натпреварувањето, поради рестрикциите поврзани со влезот во земјата предизвикани од пандемијата на коронавирусот.