Турција „неутрализирала“ над 300 курдски милитанти

Турција објави дека во офанзивата којашто ја започна во неделата во северните курдски региони на Сирија и Ирак „неутрализирала“ најмалку 326 курдски милитанти.

„Операцијата Claw-Sword (меч-канџа) е во тек со одмазднички напади од воздух и со копнени возила за поддршка. Досега неутрализирани се 326 терористи“, го цитираше во петокот службената новинска агенција Anadolu турскиот министер за одбрана Хулуси Акар.

Официјална Анкара изразот „неутрализирани“ го користи за убиени или ранети и заробени милитанти.

Операциите се насочени против силите на сириските Единици за заштита на народот (YPG) и забранетата кривна организација Работничка партија на Курдистан (PKK), прогласена за терористичка организација во Турција, САД и ЕУ, чии бази се на територијата на автономната покраина Ирачки Курдистан.

Турција ја започна воената офанзива во Сирија и во Ирак една седмица по бомбашкиот напад во Истанбул во кој беа убиени шест лица а ранети повеќе од 80. Анкара осомничи за нападот припадничка на YPG обучувана во американска база во Сирија, но сириските и ирачките Курди ги отфрлија обвинувањата дека стојат зад нападот.

Во петокот турскиот министер за одбрана Акар ги негираше извештаите дека во турските напади било погодено подрачје во близина на американска база во Сирија. САД во соседната на Турција блискоисточна земја имаат најмалку пет воени бази и тоа на клучните наоѓалишта на нафта во Сирија.

„Не доаѓа предвид дека би им наштетиле на коалициските сили или на цивилите“, рече Акар.

САД, чии сили ги обучуваа и вооружуваа Сириските демократски сили (SDF), чијашто ударна моќ е курдската милиција YPG, предупредија дека турската офанзива би можела да ги загрози напорите во борбата против ултрарадикалната организација Исламска држава, иако пред шест години Вашингтон дека џихадистичка групација е целосно воено поразена на теренот.