Турција објави ограничен полициски час за следните два викенда

Турција следните два викенда ќе воведе ограничен полициски час за да ги запре ширењето на новиот коронавирус по појаниот раст на новозаразените во последните две седмици.

Првиот полициски час во траење од чест часа, од 9 до 15 часот по локално време, ќе биде воведен во саботата во сите турски градови во текот на приемните испити за средните училишта, објви министерството за внатрешни работи.

Исклучоци од забраната за движење ќе бидат оние кои ги следат учениците на испитите и тие коишто веќе купиле билети за меѓуградските железнички линии. Исто така, отворени ќе бидат самопослугите и пекарниците.

Министерот за здравство, Фахретин Коџа, појача дека полицискиот час е воведен за да се избегнат метежите и гужвите додека мноштвото граѓани одат на испитите и се враќаат од нив.

Вториот полициски час ќе се спроведува на 27-ми и 28-ми јуни, во време на приемните испити за факултетите, а исто така ќе трае шест часа.

Турските власти главно се решаваа за полициски часови во викендите во некои покраини, а од првиот случај на заразата со коронавирусот на 11-ти март имаше само еден полициски час на целата територија на земјата. Поледниот полициски час преку викендот беше пред две седмици.

Во Турција досега се потврдени над 182.000 случаи на зараза и 4.861 смртен исход.

Властите на почетокот од јуни ги ублажија мерките за ограничување на движењето на населението и ги отворија кафеаните, парковите, музеите а повторно започнаа домашните и меѓународните летови.

Владата соопшти дека не разгледува уште мерки на полициски час по двата следни викенда, но предупреди на можно повторно воведување на мерките откако бројот на новите случаи на зараза речиси се удвои на оклу 1.500 дневно.