![cavusoglu](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/08/cavusoglu.jpg?resize=696%2C390&ssl=1)
Турција во неделата ја променила својата реторика нарекувајќи ја руската офанзива во Украина „војна“ ветувајќи дека спроведување на меѓународниот поморски договор за да го ограничи минувањето на руските воени бродови од Средоземното во Црното Море.
Украина ја повика Турција да го блокира натамошното влегување на руските бродови во Црното Море, од каде руските сили започнале продор по јужниот брег на Украина. Најмалку шест руски воени бродови и подморници минале овој месец низ турските теснеци.
„Сега веќе не станува збор за неколку воздушни напади, ситуацијата во Украина официјално може да се нарече војна. Поради тоа ќе ја спроведеме Конвенцијата од Монтре“, рече турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во интервјуто за CNNTurk.
Балансирајќи меѓу обврските кон НАТО и своите блиски врски со Русија, Турција руската офанзива во Украина ја опишуваше како неприфатливо, а сега првата некоја официјална личност ја нарече војна.
Ова реторичко придвижување, коешто сепак подразбува две страни, би ѝ овозможило на Турција да се повика на членови од Конвенцијата од Монтре, која дозволува да го ограничи минувањето на бродови низ своите теснеци Дарданели и Босфор во случај на војна или друго загрозување.
Но Чавушоглу истакна дека Турција не може да им го блокира минувањето на сите руски воени бродови кои одат кон Црното Море, поради клаузулата од договорат според кој се изземаат бродовите кои се враќаат во својата регистрирана база.
Имено, пловидбата низ Босфорот и Дарданелите е регулирана со Конвенцијата од Монтре од 1936 година. Документот ја гарантира слободната пловидба на трговските бродови преку теснецот и во мирнодопски и во воени услови.
Според одредбите од Конвенцијата од Монтре, којашто го регулира и пловењето низ Босфорскиот канал како единствениот природен пристап до Црното Море, земјите кои не излегуваат на ова море мораат претходно да го најават минувањето на своите бродови, а се ограничува престојот на воени бродови во водите на Црното Море на земјите што немаат излез и тие не смеат во тие води да ги задржуваат своите бродови подолго од 21 ден. Документот, исто така, предвидува дека во акваториумот истовремено може да се наоѓаат до девет такви бродови со вкупна носивост не поголема од 30 илјади тони.
Турција инаку има добри односи и со Русија и со Украина. Додека другите членки на НАТО воведуваат снакции против Русија, Турција нема многу простор за маневар, бидејќи преголемите санкци може да го загрози увозот на руските енергенси и ќе наштети на турската трговија и туризмот кои се насочени кон Русија, особено кога земјата се наоѓа во длабока финансиска криза.