Турција порача дека историјата нема да им прости на ОАЕ за договорот со Израел

Турција во петокот соопшти дека историјата никогаше нема да го заборави „лицемерното однесување“ на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), кои ден претходно го потпишаа историскиот договор за нормализација на односите со Израел, под покровителство на САД.

Израел и ОАЕ во четвртокот со посредувње на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп постигнаа историски договор, кој треба да доведе до целосна нормализација на односите меѓу двете земји. Но овој договор, иако предвидува привремено суспендирање на израелскиот план за наметнување на суверенитет на делови од Западниот брег, кој меѓународната заедница го смета за окупирана палестинска територија, наиде на остри осуди од сите политички фактори на Палестинците и на повеќето арпаски и муслимански земји.

Турското министерство за надворешни работи соопшти дека палестинскиот народ и неговата влада се во право кога остро реагираа на договорот, кој блискоисточната политика од палестинското прашање го пренсочува на борбата против шиитски Иран.

„Многу загрижува тоа што ОАЕ со едностраниот потег се обидува да го поништи Арапскиот мировен план кој во 2002 година го осмисли Арапската лига. Ниту најмалку е веродотојни што изјавата на трите страни се претставува како поддршка за палестинските работи“, се наведува во изјавата на турската дипломатија.

Претходно во четвртокот, во заедничката изјава на американскиот претседател Доналд Трамп, на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и престолонаследникот на Аби Даби, Мохамед ал-Нехјан, беше истакнато дека „историскиот пресврт ќе придонесе се воспоставување мир на Блискиот исток“.

Потпишувањето на овој договор се оценува како голема надворешнополитички успех на Трамп, кој инсистираше и догло време посредуваше во процесот на потпишувањето на спогодбата.

Турција има повторно воспоставени дипломатски и трговски односи со Израел, но порано најблиските економски и воени сојузници во регионот имаат длабоко нарушени односи откако во мај 2010 година израелските командоси заземаа брод под турско знаеме кој како дел од „Флотилата на слободата“ се обиде ја пробие поморската блокада на палестинската енклава Појасот Газа. Притоа загинаа 10 турски активисти, главно американски државјани. Израел по долги правни и меѓународни притисоци се согласи да исплати високи отштети за жртвите, а полека повторно до извесно ниво беа вратени дипломатските односи меѓу Анкара и Тел Авив.

Таканаречениот Договор на Абрахам е третиот арапско-израелски моровен договор откако Израел ја донесе декларациајта за независност во 1948 година. Со Египет е потпишан договор во 1979, а со Јордан во 1994 година. Според изјавите, со овој договор се предвидува на муслиманите да им се овозможи поголем приостап до џамијата Ал Акса во источен Ерусалим, каде што надлежноста ја има Јордан, како и да летаат од Абу Даби во Тел Авив. Од друга стана, ОАЕ и Израее ќе ја прошират и забрзаа соработката во поглед на развојот лекување и развој на вакцина против коронаворусот. Делегации на Израел и ОАЕ следните седмици треба да се сретнат за да ги потпишат и договорите за вложувања, туризмот, директните воздушни линии, безбедноста, телекомуникациите и отворањето амбасади.