Турција повторно ја обвини Грција за присилно враќање мигранти, спасено 81 лице

Турската крајбрежна стража извести дека во вторникот спасила две групи со вкупно 81 мигрант, кои се обидувале да го минат Егејското Море со гумени чамци и да се префрлат во Грција.

Група од 49 мигранти се пронајдени близу брегот во регионот Дикили, а уште 32 лица се откриени северно од Ајвачик, соопшти претставник на турската крајбрежна стража.

Двете спасувачки операции биле изведени во понеделникот. Не е соопштено од кои националности или од кои земји дошле мигрантите.

Турските претставници за инцидентите ги обвинија грчките погранични власти дека вториот чамец незаконски го истуркале во турските територијални води.

Турција и претходно ја обвинуваше грчката страна за присилно враќање на мигрантите, таканаречени „пушбекови“.

Турција прими околу 3,7 милиони бегалци кои побегнаа од војната во соседна Сирија, покрај стотиците илјади мигранти од други земји, главно од Блискиот и Далечниот исток.