Турција преговара со Хамас за ослободување на цивилите

Турските претставници преговараат со палестинската радикална групација Хамас за ослободување на странските државјани, цивили и деца, коишто неговите борци ги држат како заложници, објави во вторникот министерот за надворешни работи Хакан Фидан.

Разговарајќи со својот либански колега по должност Абдалах Бу Хабиб во Бејрут, Фидан рекол дека многу земји ѝ испратиле барање на Турција да обезбеди ослободување на нивните државјани кои во заложништво ги држи Хамас и оти за тоа активно се водат преговори со политичкото крило на движењето.

Минситерот Фидан во понеделникот за ова прашање разговарал со политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија кој е во Катар, изјавил за Reuters неименуван извор од турското министерство за надворешни работи.

Хамас во понеделникот ноќта првпат објави снимка од една жена во заложништво која покрај израелско има и француско државјанство. Портпаролот на Хамас тврдеше дека „странците во Газа не се затвореници, туку гости“, како и дека „ќе бидат пуштени штом ќе завршат моменталните услови“.

Палестинските исламистички милитанти на 7-ми октомври го изведоа нападот без преседан во јужен Израел, кога убија повеќе од 1.400 лица а во заложништво земаа меѓу 200 и 250 луѓе кои ги држат на локации во Појасот Газа.

Израелскиот воен портпарол, контраадмиралот Даниел Хагари, изјави дека „напорите во врска со заложниците е национален приоритет“ и оти семејствата се контактирани но немаат никави информации.

Но портпаролот Абу Обејда во понеделникот ноќта реч дека во Газа има „од 200 до 250“ заложници, додавајќи дека 200 се во рацете на Бригадите на Ал-Касам, военото крило на Хамас, а другите „фракции на движењето на отпорот“ ги држат преостанатите заложници.

„Ќе ги пуштиме грабнатите странци кога ќе се стекнат условите“, додава кусо во аудио-пораката портпаролот на Хамас.

Обејда повтори дека 22 заложници загинале во израелските воздушни ударот врз Појасот Газа.