![turcija brodovi](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/03/turcija-brodovi.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во втоникот во врска со предупредувањето на Русија за неконтролираното плутање на неколку стотици подводн мини поставени од украинската воена морнарица во Црното Море, изјави дека турското министерство за одбрана ги презема сите неопходни мерки.
„Ќе биде направено сè што е неопходно, нема простор за загриженост’, истакна Ердоган.
Русија во саботата предупреди дека подводните мини во Црното Море, поставени од украинската армија околу пристаништата Одеса, Очаков, Черноморск и Јужни, би можеле да стигнат до Босфор, па дури и до Средоземното Море.
Русија во саботата предупреди на поморски мини кои украинската воена морнарица ги поставила во целото Црно Море, по почетокот на руската офанзива во Украина, а кои би можеле да отпловат неконтролирано до Босфор или дури до Средоземното Море. Украинските поморски сили поставиле минска бариера во близина на пристаништата Одеса, Очаков, Черноморск и Јужни,
Според овие податоци, станува збор за околу 420 застaрени мини произведени во првата половина од минатиот век, и се предупредува дека бурите влијаеле врз кинењето на каблите кои ги поврзуваат мините со котвите и оти поради површинските морски струи кои се движат во јужна насока не е ислкучено плутање и придвижување на мините кон Босфорот, а потоа и кон морињата во Средоземноморскиот басен.