Турција пријави највисок број новозаразени со коронавирусот од почетокот на пандемијата

Турција во последните 24 часа забележала рекорден број нови случаи на зарази со коронавирусот 44.756, покаживаат податоците кои во саботата ги објави министерството за здравство.

Според податоците на Reuters покажуваат дека Турција во моментов е на петтото место во светот според седумдневниот просечен број новозаразени.

Епидемијата во Турција се шири откако власта во почетокот на март ги ублажи мерките, а Тирција секојдневно го надминува рекордите петти ден по ред.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во понеделникот најави построги мерки, вклучително и враќање на општото „затворање“ во текот на викендите на ниво на државата за светиот муслимански месец на постот Рамазан кој започнува на 13-ти април.

Турција со околу 85 милионски население од почетокот на епидемијата пријави вкупно 3,4 милиони заразени. Во последните 24 регистрирала 186 смртни исходи, со што има вкупно 32.078 починати од Covid-19.