(ВИДЕО) Турција разместува тенкови на границата кон Грција, јавуваат медиуми

Турција ги прекомандува своите тенковски единици од југоисточната провинција Хатај во северозапаната Едирне, која се граничи со Грција, во услови на растечки тензии меѓу двете земји членки на НАТО кои влегоа во најжестокиот спор досега околу полагањето право на подморјето во источен Медитерам, пренесе во неделата агенцијата IHA, повикувајќи се на турски воени извори.

Според информациите на приватната новинска агенција, два конвоја со воена техника кои пренесуваат околу 40 тенкови го напуштиле регионот Рејханли во провинцијата Хатај на границата со Сирија. Се претпоставува дека тенковите ќе бидат пренесени до Едирне со железница.

Службената новинска агенција Anаdolu, повикувајќи се на свои извори, објави дека се спроведува планирано прераспределување на единиците на Втората армија на копнените сили на Турција, и дека информациите за пренесување на воената техника кон границата со Грција „не соодветствуваат со вистината“.

Турското министерство за одбрана сѐ уште не ги коментираше медиумските извештаи.

Последните седмици односите меѓу Анкара и Атина се крајно заострени, поради активностите на турскиот истражувачки брод „Oruç Reis“ кој започна со сеизмички истражувања на дното на источен Медитеран во потрага по наоѓалишта на природен гас. Грција овие води ги смета за своја ексклузивна економска зона, а како одговор своите вооружени сили ги стави во состојба на готовност.

Тензичната состојба доведе до помали инциденти, кои западните сојузници во НАТО се обидуваат да ги канализираат со политички средства за да се избегне случаен судир поради големата концентрација на поморски и воздухопловни сили во областа.

Грција и Турција меѓусебнио се обвинуваат за незаконски дејствија и договори за разграничвуањето на поморските зони кои не ги земаат предвид интересеите на другата страна.