Турската полиција уапси 189 лица осомничени дека се припадници на ултрарадикалната џихадистичка организација Исламска држава во рации спроведени низ целата земја, соопштија властите во саботата.
Во 37 градови и провинции биле извршени апсења на осомничени за припадност на споменатата сунистска исламистичка групација. Овие аппсења доаѓаат ден откако Анкара ги спречи планираните џихадистички напади врз синагогите и црквите во Турција со апсење на околу 30 лица. Турција претходно доживеа неколку смртоносни напади поврзани со Исламската држава.
Полицијата претреси неколку станови и згради во Истанбул и Анкара, заедно со голем број други градови, објави министерот за внатрешни работи Али Јерликаја на X. На оваа социјална мрежа тој сподели и фотографии од осомничените оперативци на Исламската држава со лисици на рацете, уапсени во ноќна рација во нивните станови.
Турција во петокот уапси 32 осомничени екстремисти на Исламската држава, кои наводно планирале напад врз ирачката амбасада. Националноста на приведените и деталите за нивните планирани напади не се објавени.
Самопрогласената Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во ноќниот клуб во Истанбул во 2017 година, во кој загинаа 39 лица на новогодишна забава. Оттогаш, Анкара рутински апси припадници на Исламската држава.
На почетокот на мај, Анкара објави дека турските разузнавачки сили го убиле лидерот на Исламската држава Абу Хусеин ал-Курејши во Сирија. Џихадистите го назначија ал-Курејши за свој водач во ноември 2022 година, откако претходно неколку вадачи на Исламската држава беа убиени во оперции во јужна Сирија каде што се десетината воени кампови на американската војска.