Турција во карантин до 4 јануари

Четиридневното затворање започна во Турција вечерва од 21 часот и ќе трае до 5 часот наутро на 4 јануари, со цел да се запре масовното ширење на епидемијата на коронавирусот за време на новогодишните празници, пренесува АП.

Градоначалникот на Истанбул рече дека околу 34.000 припадници на безбедносните служби ќе бидат на должност да следат дали се почитуваат епидемиолошките мерки во најголемиот турски град, а низ целата земја ќе бидат ангажирани 208.000 полицајци, кои ќе бидат распоредени на илјадници пунктови.

Туристите, кои се ослободени од „локдаунот“, нема да можат да излезат на плоштадите и авените за да ја прослават Новата година.

Жителите мора да останат дома од 21 до 5 часот наутро на 4 јануари, освен во случај на барање итна медицинска помош.

За време на најрестриктивните мерки досега, сите продавници ќе бидат затворени, освен оние за храна, а рестораните можат да вршат достава.