Турција воведува „целосно затворање“ до 17-ти мај

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган одреди во понеделникот епидемиолошка мерка за потполно затворање на земјата до 17-ти мај со цел да се сузбие ширењето на коронавирусот.

Турција го забележи пикот на 16-ти април со повеќе од 63.000 новозаразени во 24 часа, а потоа забележа остар пад на 39.000 нови случаи коронаинфекции во неделата.

Меѓутоа, секојдневниот број на смртните исходи од последиците предизвикани од Covid-19 и натаму е висок и минатата седмица беше поголем од 300 починати.

По седницата на турската влада во понеделникот, претседатело Ердоган изјави дека контиунираното заклучување до 17-ти мај ќе значи затворањето на училиштата и ограничувањето на меѓуградскиот сообраќај.

Секој обид за излегување од постојаното место на живеење или од матичниот град мора да го одобрат локалните власти, а сите училиште ќе минат на онлајн настава. На новите ограничувања не подлежат единствено фабриките и секторите за производство за храна.

Ердоган објави дека дневниот број на новозаразените мора да се спушти под 5.000 до крајот на Рамазан, муслиманскиот месецот на постот.