
Турската влада од вторник воведува полициски час кој ќе биде на сила од 21 до 5 часот во работните денови, и целосно „затворање“ во текот на викендите, односно од 21 часот во петок до 5 часот во понеделник.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган соопшти дека мерката се носи со цел спречување на ширењето на коронавирусот.
Новите построги антиепидемиски мерки стапуваат во сила утре, а ослободени ќе бидат само некои сектори како што се снабдување и производство.
Осми ден по ред, во Турција се регистрира рекорден дневен број на смртни случаи од коронавирусот.
Во последните 24 часа, според податоците на Министерството за здравство, починале 188 лица, а потврдени се 31.219 нови случаи, што е исто така највисоко за еден ден од почетокот на епидемијата.