Турција воведува увозни давачки за житарките од 130 отсто

Турција вовела увозни царини од 130 отсто на некои житарки, вклучително и пченицате и пченката, според одлуката објавена во вторникот од претседателот Реџеп Таип Едроган.

Увозните давачки доаѓаат откако некои земји од Европската унија објавија забрана за увозот на житарки од Украина минатата седмица. Но некои трговци тврдат дека потегот на Турција главно има цел да ги придобие локалните земјоделци пред претседателските и парламентарните избори на 14-ти мај.

Според сегашните правила, увозот на пченица, јачмен, ‘рж, овес, пченка и просо е ослободен од царина до 30-ти април. Со одлуката, која стапува на сила на 1-ви мај, ќе се воведе царина од 130 отсто за увоз на жито. Во Турција жетвата на пченицата и јачменот започнува во мај.

Турција ги намали увозните тарифи за житарици и други земјоделски производи по пандемијата, кон крајот на 2020 година, и ги укина пред околу една година.

Владата неодамна најави големи енергетски и инфраструктурни проекти во пресрет на изборите, каде што претседателот Ердоган би можел да ја загуби власта по две децении, според анкетите.