Пушењето на фреквентните пешачки улици и на постојките за јавниот сообраќај ќе биде забрането од четвртокот во Турција поради растот на бројот на случаите на зарази со коронавирусот, соопшти во средата министерството за внатрешни работи.
„Според поретходно издаденото соопштение, на сите јавни места освен во станбените објекти, од граѓаните се бара без исклучот да носат маски. Но при пушење на овие места некои лица ги вадат маските, ги спуштаат надолу некористејќи ги правилно. Во врска со тоа, од 12-ти ноември во сите провинции се воведува забраната за пушење на фреквентните улици и постојките за јавен превоз“, се наведува во соопштението.
Се истакнува дека е „исклучително важно да се осигури постојаност во користењето на маските“ за да се спречи ширењето на коронавирусот „кој лесно се пренесува со дишњето“.
Претходно турскиот министер за здравство Фахретин Коџа изјави дека епидемијата со коронавирусот во земјата го достигнала пикот во вториот бран.
Бројот на новозаразените со коронавирусот во средата изнесувал 2.693 лица, што е најголемиот показател на дневно ниво од 29-ти април. Вкупниот број заразени од почетокот на епидемијата во Турција изнесува 402.053 лица. Во последните 24 часа забележани се уште 86 смртни исходи од заразата, со што од почетокот на епидемијата земјата бележи вкупно 11.145 починати.
Министерот Коџа, исто така, објави дека во изминатото дениноќие биле спроведени 1.45.989 тестирања на вирусот, со што вкупниот број тестови достигнал 15.565.409 од 85-милионско население.
Министерот додаде дека стапката на пневмонија кај пациентите со Covid-19 изнесува 4,2 отсто, додека во моментов на одделите за интензивна нега се згрижени 3.095 пациенти.