Турција била главна мета за напади на ИД во текот на 2016 година

турција

Имено, во нападите на ИД во Истанбул и во Газиантеп минатата година, се убиени 124 лица се убиени, а 419 луѓе беа ранети.

Најмалку 275 лица загинаа, а илјадници се повредени во големите бомбашки напади извршени во Турција од страна на ИД или илегалната Курдска работничка партија (ПКК) во текот на изминатата година.

Податоците не ги вклучуваат 39-те жртви од нападот во ноќниот клуб „Реина“, што се случи на новогодишната ноќ во Истанбул.

Турција е дел од коалицијата предводена од САД која војува со ИД, а турски сили е вклучени и во операции во Сирија за прогонување на терористичките групи од реоните долж нејзината граница.